Фановите на Интер му спремаат „жежок пречек“ на Лукаку
Ромелу Лукаку нема да биде пријателски дочекан на гостувањето во Милано кога Рома ќе игра против Интер.
Навивачите на Интер никогаш нема да му го простат предавството на Белгиецот, па одлучиле да го дочекаат со 50.000 свирчиња.
„Датумот 29 октомври би требало со црвена боја да го заокружиме во календарите и така да бидеме спремени да направиме да слушне колкуни се гади што ни го сврте грбот на најсрамниот можен начин. Покажа дека е мал човек и дека не се држи до своите зборови.
Го браневме додека беше тука, а тој ни го сврте грбот. Пред натпреварот против Рома ќе бидат поделени 50.000 свирчиња кои ќе ги користиме секогаш кога ќе ја допре топката“, стои во соопштението на ултрасите на Интер.