Потер го одби селекторското место во Шведска

Англискиот фудбалски тренер Грем Потер ја одби можноста да биде нов селектор на шведската репрезентација.

Според информациите од шведските медиуми, челниците на тамошниот фудбалски сојуз му ја понудиле селекторската позиција на поранешниот тренер на Брајтон и Челзи, кој би го заменил Јане Андерсон кој поднесе оставка после неуспехот во квалификациите за пласман на ЕУРО 2024 година во Германија.

48 годишниот Потер ја одбил понудата со образложение дека негова цел е да работи во клупскиот фудбал и дека во моментот не е заинтересиран за водење на репрезентација.

Англичанецот во минатото помина седум години работејќи во Шведска каде од 2011 до 2018 година седеше на клупата на Остерсунд.