Ливерпул го потпиша Милош Керкез за 40 милиони фунти

Ливерпул постигна договор со Борнмут за трансфер на Милош Керкез вреден 40 милиони фунти, што претставува уште еден значителен потег во летниот преоден рок на клубот. 21-годишниот лев бек ќе потпише петгодишен договор и следната недела ќе ги заврши медицинските прегледи пред официјално да се приклучи на тимот. 

Трансферот беше договорен од страна на спортскиот директор на Ливерпул, Ричард Хјуз, кој успеа да го намали првичните финансиски барања на Борнмут. Керкез се смета за долгорочна замена за Енди Робертсон, кој се поврзува со можно заминување од „Енфилд“. 

Керкез го одигра секој натпревар во Премиер Лигата минатата сезона за Борнмут, постигнувајќи два гола и пет асистенции — извонреден учинок за дефанзивец. Со својот офанзивен придонес и стабилни дефанзивни настапи, често е споредуван со Робертсон, што го прави идеален за системот на Ливерпул. 

Унгарскиот репрезентативец дојде во Борнмут од АЗ Алкмар во 2023 година и брзо се етаблираше како клучен играч. Преговорите со Ливерпул траеја неколку месеци, а Керкез наводно ја прифатил понудата уште пред два месеца. 

Очекувано е Керкез да пристигне во Ливерпул во вторник за да ги заврши формалностите и да започне ново поглавје под водство на Арне Слот. Овој потег е дел од поширока стратегија на клубот за засилување на составот пред новата сезона.