Синер го освои турнирот во Пекинг

Италијанскиот тенисер Јаник Синер ја освои титулата на турнирот од серијата АТП 500 во Пекинг. Во финалето го победи Американецот Лернер Тиен во два сета со 6-2, 6-2.

Кога не игра финале против Карлос Алкараз, за Јаник Синер нема проблем. За само 74 минути, Италијанецот ја освои својата трета титула оваа година, вкупно 21-ва неговата кариера.

Италијанецот покажа дека сака да игра во Пекинг. Тој стигна до финалето трета година по ред и ја освои својата втора титула во кинеската престолнина. Лани, во финалето загуби од Алкараз.

Младиот 19-годишен Тиен, за кого ова беше прво АТП финале, немаше шанси против Италијанецот. Во првиот гем доживеа брејк и тој сет заврши за 35 минути. Вториот сет траеше четири минути подолго, а Тиен се држеше до петтиот гем. Во него, Синер направи брејк за 3:2, а потоа нанижа уште четири гема за новата титула.