Феенорд фаворит за потписот на Миовски

Бојан Миовски е на излезна врата од Ренџерс, а нова опција за продолжување на кариерата е холандски Феенорд. Холандскиот клуб, предводен од поранешниот тренер на Ренџерс, Џовани ван Бронхорст, испратил првично барање за нашиот репрезентативец.
Според информациите, клубот од Глазгов е подготвен да го пушти Миовски на позајмица доколку пристигнувањето на Келси биде финализирано. Во конкуренција за Миовски се споменува и Генчлербирлиги, кој покажал интерес за 27-годишниот напаѓач.