Нова победа на Комо, Сасуоло немоќен пред момците на Цеск

Комо продолжува да воодушевува со настапите во Серија А, откако на домашен терен го совлада Сасуоло со 2-0 во рамките на осмото коло од италијанскиот шампионат.

Главниот јунак на натпреварот беше грчкиот напаѓач Анастасиос Дувикас, кој со два погодоци во второто полувреме му ја донесе победата на својот тим. Дувикас првпат погоди во 49. минута, а десет минути подоцна повторно ја затресе противничката мрежа за конечни 2-0.

Со новиот триумф, Комо ја продолжи одличната серија и стигна до 17 бода, со што останува веднаш зад водечките екипи Интер и Лацио, кои имаат по два бода повеќе.