МЗТ Скопје поразен на АБА-дебито во Никшиќ

Македонскиот шампион не го започна најдобро натпреварот, но и Сутјеска имаше проблеми, па првата четвртина не донесе многу поени и заврши во кроист на домаќините со 16-11. МЗТ заигра подобро во вториот период, направи пресврт и на пауза замина со водство од еден поен разлика 40-39.
Третиот период донесе исто така добра игра на МЗТ каде што се одржуваше во егал, меѓутоа потоа следеше пад во последниот период. Тука тимот на Сутјетска дојде до седум поени разлика, МЗТ се обиде да се врати во мечот, меѓутоа како да загуби сили.
Најдобар на теренот беше Стефан Митровиќ од Сутејтс со 22 поени, додека кај МЗТ се истакна Фарахан со 18 поени.