Валенсија во последната секунда го загуби дербито со Виљареал

Валенсија беше поразена од Виљареал со 1-2 во 10. коло од шпанската Ла Лига. Тимот на македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски беше на праг до победа, но на крајот остана со празни раце.
Домашниот тим поведе преку Пепелу во 38. минута од пенал, а Валенсија ја зачува предноста до крајот на првиот дел, иако претходно имаше неколку шанси за да го зголеми водството.
Виљареал се разбуди по повеќе од еден час игра, па преку Алекс Фримен стрелаше за 1-1, а вистинскиот шок за Димитриевски и Валенсија следеше во 96. минута кога Жорж Микаутаѕе стрелаше за целосен пресврт (2-1).
Валенсија остана на претпоследната позиција со шест бодови, додека Виљареал со триумфот скокна до осмата позиција и има 12 поени.