Маркез најбрз на спринтот во „Филип Ајленд“

Марк Маркез победи на спринт трката за Големата награда на Австралија во Мото ГП шампионатот, откако на патеката „Филип Ајленд“ ја доби драматичната битка со Хорхе Мартин.
Тој заврши пред својот брат Алекс Маркез и Фабио ди Џанантонио, со што тројцата возачи на Дукати се најдоа на победничкиот подиум. Алекс заостана 0,323 секунди, а Ди Џанантонио 0,590 секунди.
Со спринт победата, Маркез собра 365 бода и поведе во шампионатот со 10 бода предност пред Мартин. Главната трка во Австралија се вози в недела наутро од 04:00 часот.