Аларм во Мадрид, кој е „нереален“ – Мбапе или Халанд?

Реал Мадрид ја следи ситуацијата во Париз, веќе подготвува и план „Б“ во Дортмунд, но нема да биде нималку лесно.
Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд се одредени како главни мети во новата ера на „галактикос“, а во овој момент ниту еден трансфер не се чини како реален. Мбапе и понатаму се двоуми околу продолжувањето на договорот со Париз Сен Жермен, тековниот му истекува во 2022. година и не е исклучено да го одработи до крај и да си замине како слободен играч.
Халанд од летото 2022. година ќе има откупна клаузула од 75 милиони евра, па во Мадрид веруваат дека со потенцијално засилување на таа понуда ова лето ќе можат да ги искористат одличните односи со Дортмунд и да го „украдат“ норвежанецот.
Шпанските медиуми пишуваат дека во овој момент пореален е трансферот на Халанд, но далеку од тоа дека истиот ќе биде лесно остварен.