Реал го продава Варан, позната цената, но и неговата замена!

Иако веќе една деценија е незаменлив, Рафаел Варан би можел да го напушти Реал Мадрид. Оваа вест ја пласираше мадридски „Ас“, кој истакнува дека зад трансферот се крие желбата на Варан за нови предизвици, но и тоа што е еден од најскапите играчи со чија продажба клубот би можел да направи реконструкција.
Проблем е тоа што Варан се уште не сака да го продолжи договорот кој му истекува во 2022. година, па претстојното лето е последниот момент за Реал да заработи од негова продажба.
Наводно, Реал бара 70 милиони евра и верува дека би можел да ги добие за услугите на дефанзивецот. Дел од овој план е и желбата на Реал да го доведе Жил Кунде, веројатно потенцијално најбараниот дефанзивец, чија клаузула во Севиља изнесува 90 милиони евра.
Не треба да се заборави и дека Реал има начелен договор со Давид Алаба, а и Серхио Рамос повторно е блиску до продолжување на договорот.
Со продажбата на Варан, Реал би можел да направи стоперски тандем Кунде-Рамос, додека Алаба ќе игра како стопер и лев бек.