Винициус и Лукас Васкез ќе го скокнат дуелот со Мајорка

Реал Мадрид објави дека напаѓачот Винициус Жуниор и дефанзивецот Лукас Васкез се повредени.

На Бразилецот му беше дијагностицирано истегнување на лигаментите на левиот зглоб, додека Васкез исто така се пожалил на болку на бутниот мускул.

Според медиумите во Шпанија, Винициус ќе биде надвор од терените околу една недела, додека Васкез би можел да биде подготвен за натпреварот против Севиља во Ла Лига на 18 мај.

И двајцата играчи ќе го пропуштат натпреварот Реал Мадрид – Мајорка од 36-то коло на Ла Лига кој ќе се игра на 14 мај.